Полат повторно ќе ја спасува Турција: Ново продолжение на „Долина на волците“

Турската продуцентска компанија „Пана Филм“ објави дека ќе снима продолжение на популарниот филмски серијал „Долина на волците“, кое ќе зборува за обидот за воен напад во Турција.

Главниот лик во продолжението на „Долина на волците“, повторно ќе биде Полат Алемдар, што всушност е претставен како турска верзиа на Џејмс Бонд.

Полат

По големата популарност на серијата, беше снимен и првиот филм „Долина на волците: Ирак“ во 2006 година, а по него следеа уште две продолженија „Долина на волците: Гладио“ и „Долина на волците: Палестина“.

Сеуште не е познато кога ќе почне снимањето на третиот дел, во кој Полат Алемдар ќе има задача да се справи со организаторите на воениот преврат во Турција.

Полат