„Форбс“ ја објави најновата листа на најплатени актерки на денешницата, а ѕвездата на трилогијата „Hunger Games“ се искачи на врвот.
26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.
Веднаш по Лоренс, следува Мелиса Мекарти со $33 милиони долари, а третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон со $25 милиони долари заработка.
НАЈПЛАТЕНИТЕ АКТЕРКИ ЗА 2016:
1. Џенифер Лоренс – $46 милиони долари
2. Мелиса Мекарти – $33 милиони долари
3. Скарлет Јохансон – $25 милиони долари
4. Џенифер Анистон – $21 милион долари
5. Фан Бинбинг – $17 милиони долари
6. Шарлиз Терон – $16.5 милиони долари
7. Ејми Адамс – $13.5 милиони долари
8. Џулија Робертс – $12 милиони долари
9. Мила Кунис – $11 милиони долари
10. Дипика Педукон – $10 милиони долари