Џони Деп минатата недела се разведе од актерката Амбер Хард по само 15 месеци брак.
Околу нивниот развод се крена многу прашина, бидејќи наводно Деп физички ја малтретирал Амбер, па актерот мораше да исплати чек од 7 милиони долари.
И додека актерката парите од разводот реши да ги даде во хуманитарни цели, Деп реши да отпатува.
Актерот беше фотографиран на Ибица каде моментално престојува.