Џенифер Лопез повторно сингл: Пејачката раскина со Каспер Смарт

Џенифер Лопез и нејзиното момче Каспер Смарт решија да се разделат по 5 годишна врска.

47-годишната пејачка и 29-годиниот Каспер беа заедно уште од 2011-та година, кратко се разделија во 2014-та година, а сега дефинитивно раскинаа.

„Не беше ништо драматично, врската ја прекинаа смирено. Ќе останат пријатели и понатаму ќе се гледаат, но нема да бидат заедно. И двајцата беа согласни„, вели извор близок до двојката.

џенифер лопез и каспер

Џеј Ло претходно беше во брак со Марк Ентони од кој ги доби и 8-годишните близнаци, а врската со Каспер ја започна откако се запознаа на нејзина турнеја каде тој беше танчар.

Џенифер Лопез и Марк Антони