Граѓаните на Запрешица, покренаа петиција за забрана на настапите на Аца Лукас, Саша Матиќ, Харис Џиновиќ и други фолк пејачи на „Рујан фест“.
На ова се огласи Аца Лукас кој им порача на иницијаторите за петицијата дека тој знае дека е најдобар, и не му е гајле што постојат луѓе што го мразат.
Во петицијата покрај другото се зборува и за теророт кој граѓаните на Запрешица мораат да го трпат од најлошите турбо фолк пејачи.