Принцот Вилијам заедно со војводката Кејт Мидлтон оваа недела ја посетија болницата за хронично болни лица во Лутон, Англија.
За време на посетата принцот се запозна со 14-годишно момче кое од неодамна ја загубило својата мајка и реши да му даде совет како да се справи со тагата и бесот кој го чувствува.
„Времето ќе ти помогне да ти биде полесно. Знам како се чувствуваш, мене мајка ми ми недостасува секој ден, ако поминаа 20 години. Вети ми дека ќе се грижите еден за друг“, го замолил Вилијам момчето кое моментално живее со својот татко и двајца браќа.
14-годишниот Хинс му ветил на Вилијам дека ќе се обиде да ја совлада тагата и бесот кој го чувствува.