Популарната српска пејачка Неда Украден многу ретко зборува за својата мајка која боледува од Алцхајмер, но признава дека за тоа и е многу тешко.
На прашањето кога последен пат плачела и зашто пејачката одговорила: „Секој пат кога ќе ја видам мајка ми, која се разболе од Алцхајмер и не знае која сум.Плачам на секоја наша средба.Но, утешно е што она не пати и не е свесна за својата состојба.Животот ми се промени од кога добив внука и не сум била посреќна“.