Боки 13 дефинитивно е единствениот маж на македонската естрада кој живее во светски стил, а тоа го потврдува неговата последна објава.
На својот Фејсбук тој објави фотографија на која позира на хелиодром, а во позадина јасно се гледа приватен хелихоптер.
Ова немаше да биде толку чудно доколку Боки не направи споредба со фотографијата на Роналдо со која потврдува дека славниот фудбалер го „копира“.
Како што кажа и самиот Боки, многу слични навики имаат со друга му Роналдо, кој и во мај оваа година го носеше ист стајлинг како македонскиот шоумен.
Случајност?