Во хрватското море во близина на Ровињ била уловена најголемата туна во историјата, тешка дури 340 килограми, а долга три метри.
Борбата за нејзино вадење од морето траела два и пол часа, пренесуваат хрватските медиуми.
Станува збор, како што тврдат среќните риболовци од бродот “Abyss Fishing”, чиј капетан е Озрен Божиќ, за најголемата риба уловена во хрватското море во историјата.