Италијанската „La Gazzetta“ објави текст во кој тврди дека Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Вимболдон имал афера со позната индиска актерка.
Две години по стапувањето во брак и раѓањето на синот Стефан во 2014 година, тенисерот по шокантниот пораз, утеха нашол во прегратките на Депик Падукон, позната боливудска актерка.
Дополнително за доказ, магазинот тврди дека и самиот тенисер признал дека поминувал низ тежок период и дека има семејни проблеми, но дека секој наидува на предизвици во животот, а тој е спремен да ги реши со сопругата Јелена Ристиќ.
Сепак, изгледа дека пред да го надминат проблемот, Јелена решила да отвори сопствена банковна сметка и со тоа да се заштити себеси и синот од можно пропаѓање на бракот.
Изгледа дека магазинот има докази штом ја објавил оваа приказна, а низ тениските кругови се шират муабети дека боливудската авантура кратко траела.