„Pokemon Go“: Причина за бизарни инциденти во Британија

Откако познатата игра „Pokemon Go“ стана достапна во Британија, полицијата има многу работа и забележани се над 290 инциденти.

Прекршоците се различни, од кражби над играчите, сообраќајни прекршоци, па се до масовни тепачки.

Во полициските извештаи забележани се и бизарни случаеви каде се газело по гробови додека се барале покемони, опасно одење по шини, внесување на деца во куќи на непознати луѓе, дури и нудење на сексуални услуги поради играта.

покемоно