Крис Браун беше уапсен вчера под сомнение дека извршил напад со смртоносно оружје.
Медиумите во САД пренесуваат дека Мис на Калифорнија, Бејли Карен, побарала помош од полицијата, бидејќи пејачот и се заканувал со пиштол.
Браун беше уапсен откако во текот на целиот ден, неговиот дом во Лос Анџелес беше опколен од полиција и претресен.
Во минатото, тој имаше проблеми со законот поради тепање и напади, потсетуваат американските медиуми.