Каролина Гочева повторно е вљубена до уши, а истото можеме да го кажеме и за нејзиното ново момче, уметникот Михаил Корубин.
Иако двојката со месеци се крие од јавноста, фотографиите на социјалните мрежи неколку пари досега ги издадоа дека летуваат заедно.
Каролина и Михаил не се одвоија цело лето, а досега беа во Италија, Миконос, и моментално на Санторини.
Од таму доаѓа и фотографијата која официјално потврди дека двојката е заедно.
Михаил објави фотографија на која го фотографира прекрасниот поглед на Санторини, додека на креветот спие Каролина Гочева.
Иако досега немаат заедничка фотографија, ова е повеќе од доволно за официјална потврда дека се заедно.