Ејми Вајнхаус пред очите на јавноста се бореше со зависност од алкохол и наркотици, а имаше и нарушување на менталното здравје.
Се ова доведе до прерана смрт од предозирање, а светот ја изгуби ѕвездата на 27-години.
Но, сега се појавија досега не објавени фотографии од Ејми на кои таа изгледа среќно и здраво.
Станува збор за фотографии направени на почетокот на кариерата од страна на фотографот Фил Нот.
„Ова е среќната, забавна, здрава Ејми која јас ја паметам. Се обидов тоа да го овековечам во нејзините рани 20-ти“, вели тој за фотосесијата.
На фотографиите Ејми е речиси непрепознатлива.