Наоми Кембел е препознатлива по својата долга црна коса, но овој пат моделот реши да направи промена во својот имиџ.
За насловната страница на списанието „Paper“, Наоми се појавува со кратка коса.
Британката позира во фустани и мантили за изданието насловено „1000 Beautiful People“, а во интервју за весникот, Наоми за кариерата, но и новите модели.
„Ако млад модел ме замоли за совет или помош, ќе го направам тоа. Јас многу поддржувам млади уметници, млади фотографи, млади модели. Нема ништо лошо во споделувањето, мислам дека треба да го правиме. И никогаш не очекувам ништо за возвра“, вели моделот.