Селена Гомез се повлекува од сцената: Пејачката боледува од тешка болест

Селена Гомез објави дека ја прекинува кариерата и ќе се посвети на своето здравје.

24-годишната ѕвезда откри дека преживува несакани ефекти поврзани со болеста која вклучува напади на паника и депресија.

“Сфатив дека загриженоста, паничните напади и депресијата можат да бидат несакани ефекти од лупус, што само по себе е предизвик “, изјави таа во соопштението до своите фанови и додаде дека најдобриот начин за третман одзема време.

селена гомез

“Сакам мојата состојба да се подобри, затоа ќе се фокусирам на здравјето и среќата. Најдобар начин да го направите тоа е да се одморите. Треба да се соочам со проблемот и да се убедам дека ќе дадам сé од себе за да се поправам “.

Претходно Селена вети дека ќе ги донира приходите од претстојните нејзини настапи за истражување на Лупус.

Пред три години, поранешната ѕвезда на Дизни мораше да ја одложи ѕвездената танц турнеја, за да се подложи на третман со хемотерапија за хроничното воспаление.

Селена Гомез во болница

За лошата нејзината здравствена состојба можеби влијаела и расправијата со нејзината поранешна љубов Џастин Бибер.

Двајцата се скараа јавно на социјалните мрежи и пејачот се закани дека ќе го избрише профилот на Instagram, бидејќи фановите му го критикуваа неговиот избор да е со Софија Ричи.

џастин и селена