Ким Кардашијан призна дека научила да живее со псоријаза и дека веќе не ја прикрива болеста од очите на луѓето, иако ја смета за најголем недостаток.
“Јас дури и веќе не се обидам да ги прикривам”,напиша таа на сајтот KimKardashianWest.com.
“Понекогаш едноставно чувствувам дека ова е мојот најголем недостаток и секој знае за него, па зошто да го кријам?”
Ким тврди дека ѝ ја утврдиле дијагнозата во 2010 година, а болеста е наследна и мајка ѝ Крис Џенер исто така страда од неа.
За псоријазата нема лек и единственото нешто што може да се направи е да се управува со болеста преку диети и да мачкање на кожните рани со кортизон.
Бринетата додава: “Сите луѓе со псоријаза имаат различни симптоми. Понекогаш со осип и чешање, понекогаш со рани. Мојата кожа пука повремено од различни причини. Секогаш имам надеж дека ќе се заздрави, но во исто време ја прифатив болеста како дел од она што сум. ”