Во неделата Бијонсе го прослави својот роденден, а нејзините славни пријателки и честитаа истиот преку социјалните мрежи.
Џесика Алба и Мараја Кери објавија фотографии заедно со пејачката под кои напишаа интересни пораки, а тоа гонаправи и нејзината мајка Тина Ноулс.
Помеѓу оние кои јавно и го честитаа роденденот на Бијонсе беше и Ким Кардашијан.
Старлетата со помош на филтерите на Снепчет се „трансформираше“ во пчела (заштитниот знак на Бијонсе) и на тој начин и го честиташе роденденот на пејачката.
Во минатото кружеа гласини дека Бијонсе не ја сака Ким Кардашијан и покрај големото пријателство на нивните сопрузи, Џеј Зи и Кание Вест.