Ријана е заљубена до уши, а тоа го потврдува и нејзиното последно појавување.
28-годишната пејачка се потруди сите да гледаат во неа откако во Њујорк се појави со наметка во форма на срце.
Црвеното крзнено срце беше и повеќе од очигледно, а истото е со потписот на Сеинт Лорен и чини неверојатно 15.550 долари.
За оваа прошетка Рири се одлучи да облече кратки шорцеви и црни сандали, па буквално изгледаше како големо срце кое се движи.
Многумина сметаат дека изгледа бизарно, додека други велат дека е слатка.