Долго време се шпекулираше за иднината на оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи дојде до големи промени.
Шабан Шаулиќ го напушти ова шоу, а од следната сезона ќе биде дел од „Ѕвездите на Пинк“, додека Сања Кужет остана бремена и нема да ја води новата сезона.
Почна да се шушка дали Марија Шерифовиќ ќе биде во жирито од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Но, пејачката ја разјасни ситуацијата и го потврди своето учество.
Со оглед на тоа дека ниту Јелена Карлеуша не се огласи, се претпоставува дека нема промени во поглед на нејзиното жирирање.