Феноменална торта со едно јајце

Кора:
Состојќи:

1 јајце,
1 шоља шеќер,
1 шоља мелени ореви,
1 шоља млеко,
1/2 шоља масло,
1 шоља брашно,
1 прашок за пециво
Подготовка:
Пенасто изматете го јајцето и додадете половина шоља шеќер и продолжите да матите додека не добиете густа кремаста текстура, потоа додајте млеко и мешајќи постепено додајте го остатокот од шеќерот. Потоа со лажица измешајте ги маслото и оревите, и на крајот додадете го брашното измешано со прашакот за пециво.

Вака подготвената смеса ставете ја во набрашнет и намастен пелх. Печете во рерна загреана на 170 степени околу 20 минути.

Совет: Бисквитот мора да биде сочен затоа е важно да не го препечете. После 15 минути печење слободно со чечкалица проверете ја средината на бисквитот. Доколку на чечкалицата не остануваат траги од смесата, можете да го извадите од рерната.
Фил
Состојќи: 1 пудинг од ванила, 3 дцл млеко, 2 лажици шеќер, 150 грама путер.
Подготовка:
Одвојте 1 дцл млеко и во него измешајте го пудингот и шеќерот, остатокот од млекото ставете го во тенџере да проврие. Намалете го оганот и жешкото млеко полека, со мешање, додавајте го во подготвениот пудинг.

Кога ќе проврие, тргнете го од ринглата и ставете го да се олади, па потоа додадете го путерот и се добро измешајте со миксер.

На изладениот бисквит додајте го филот и додајте рендано чоколадо, мелени ореви, слатко од вишна, малини или шумско овошје.