Јелена Карлеуша пред некој ден го прослави роденденот на ќерките Атина и Ника, а сега објави и фотографии од прославата.
На официјалниот Фејсбук на пејачката беа споделени фотографиите од бајковитиот роденден на девојчињата.
Роденденот се одржа во една игротека во Белград, а на него присуствуваа семејството и најблиските пријатели на Јелена.
Гоца Тржан, Ана Кокиќ, Боки 13 беа само дел од гостите кои дојдоа на роденденот.


Атина и Ника навистина имале роденден за паметење, погледнете.














