Мерлин Монро со овој настап замина во историјата, а со неа и фустанот кој го носеше на себе.
Фустанот кој го носеше на прославата на тогашниот претседател на САД, Џон Кенеди, достигна цена од 3 милиони долари.
Покојната ѕвезда носеше фустан, под кој не носеше ништо, со оглед на тоа дека фустанот беше многу тесен, па мораа да шијат на него.
Фустанот е со боја на кожа, со повеќе од 2500 рачно сошиени кристали, а гo носеше на „Madison Square Garden” каде ја пееше „Среќен роденден Кенеди“
Актерката почина на 36 години, а фустанот го доби од Жан Луис.
Кенеди почина една година откако Мерлин му пееше на прославата на неговиот роденден.