Дејвид Боуви почина во јануари годинава од рак на црниот дроб,а пред неговата смрт кажал каде сака да му биде последното почивалиште.
Тој го одбрал фестивалот „Burning man“.
„Дoдека од кампот возевме кон храмот, во автомобилот ги слушавме неговите песни, а на лицата си нацртавме молњи, каква што и самиот Дејвид имаше на насловната на албумот „Aladdin Sane“ од 1973 година“, рекол пријател на починатиот пејач.
Дел од пепелта на легендарниот пејач, семејството и најтестниот круг на пријатели ја распрскале во пустината во Блек Рок Сити во сојузната држава Невада.
Таму се организира фестивалот „Огнен човек“, кој трае од последниот понеделник во август до првиот во септември.
Станува збор за своевиден уметнички експеримент на кој, помеѓу другото, учесниците секоја година пред храмот им оддаваат почест на саканите кои прерано починале.
Истиот храм се запалува до темел на крајот на фестивалот.
„На Дејвид отсекогаш му се допаѓаше концепцијата на „Огнен човек“, па пред смртта на кумот му рече дека би сакал токму таму да биде однесена неговата пепел“, рекол пријател на Дејвид.
Идејата наводно ја благословила и неговата вдовица, манекенката Иман Абдулмаџи (61). На церемонијата имало 70-тина луѓе.