Состојки:
400 грама мелено месо ( по избор )
2 лажички сенф
200 гр кашкавал
2 супени лажици кечап
2 лажички зачин за скара
4 големи кисели краставички
1/2 главица кромид
1 средна марула
2 средни домати
2 лебчиња (земички)
Масло за јадење
Подготовка:
Ставете го маслото за јадење да се загрее.
Потоа ставете го меленото месо да се пржи, ставете ги сенфот, кечапот и зачинот за скара.
Додека се пржи месото лебчињата исечете ги на мали коцки, истото сторете го со краставичките и доматите.
Марулата исечете ја на парчиња, кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето а кромидот на кругови.
Тргнете го испрженото месо од оган и ставете го во друг сад.
Во тавата во која го пржевте месото додадете малку путер и испржете ги исечканите коцки од лепините, пржете додека коцките не добијат румена боја.
Исечканите состојки измешајте ги заедно со прженето месо и коцките леб.