Колегите на Вокер од филмовите „Fast and Furious“ на социјалните мрежи објавија емотивни пораки на денот на раѓањето на својот сакан пријател и почитуван соработник.
Вин Дизел, кој по Пол ја крсти својата мала ќеркичка Паулина, на Instagram објави колаж со фотографии од среќните моменти со славниот актер. „Среќен роденден Пабло“ – напиша тој. Пабло е прекарот со кој нагалено му се обраќал на Пол во приватниот живот.
Помалиот брат на Пол, Коди, сподели стара фотографија на Twitter и напиша: „За човекот кој влијаеше на мојот живот и на она што сум. Те сакам и ми недостигаш секој ден. Среќен роденден“.
To the man that influenced my life and who I am. I love and miss you everyday, Pdub. Happy birthday @RealPaulWalker pic.twitter.com/2BNrCc4duE
— Cody Walker (@codywalkerroww) September 12, 2016
Џордана Брустер, која во филмот глумеше девојка на Вокер, на фотографија со познатиот актер напиша: „Среќен роденден Пол. Ќе те сакам, секогаш“.
Ѕвездата од „Fast and Furious“ почина пред три години во сообраќајна несреќа во Санта Кларита, Калифорнија, во која животот го загуби и неговиот пријател Роџер Родас.