Салма Хајек го пречека мажот Франсоа-Анри Пино со огромен, звучен бакнеж и страсна прегратка на аеродромот Хитроу.
Двајцата се заедно речиси десет години, но очигледно Салма и нејзиниот сопруг се повљубени од било кога. Францускиот моден магнат и мексиканската актерка се уште се гледаат со поклонување како да се во првите денови на својата романса.
50-годишната Хаек не можеше да ја воздржуви возбудата во неделата, кога го виде дека 54-годишниот Пино како ја чека на аеродромот во Лондон, каде што слета со лет од Лос Анџелес.
Пино е извршен директор на холдингот “Kering”.
Тој се запозна со холивудската ѕвезда кон крајот на 2006-та, а во март 2007-та таа објави дека е бремена и двајцата се верија.
Нивната ќерка Валентина Палома се роди во септември истата година, а на денот на вљубените Свети Валентин во 2009-та Хаек и Пино се венчаа во Париз, по што организираа раскошна свадба во Венеција.
Среќата на двојката не успеа да биде засенета дури и од случајот за алиментација, поднесен од супермоделот Линда Еванџелиста против бизнисменот пред неколку години.