Во ново моќно видео на Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци (UNHCR), Кејт Бланшет и други славни личности меѓу кои: Стенли Тучи, Кира Најтли и Чуетел Еџиофор се здружија за рецитацијата на „Што понесоа со себе“, поема напишана од Џенифер Тосквиг за бегалците ширум светот.
Видеото ги поканува луѓето да ја потпишат петицијата #WithRefugees, која ќе биде презентирана пред Генералното собрание на Обединетите Нации на 19 септември.
Петицијата апелира до светските лидери и нивните влади да им помогнат на бегалците и нивните деца да пронајдат сместување и да добијат образование и можности за вработување.