Се вели дека очите се огледало на душата, но ако навистина сакате да запознаете некоја жена тогаш ѕирнете во нејзината ташна.
Викторија Бекам е ѕвездата која без проблем покажа што носи во својата чанта, а тоа го направи во последното видео за „Vogue“.

Најексклузивната дебитна картичка во светот
Екс спајсицата во себе секогаш ја носи својата црна „Американ Експрес“, најексклузивната картичка која постои во светот.
Истата е изработена од титаниум, нема лимит, а освен Викторија, ваква картичка имаат и Сајмон Коел, Лејди Гага и Наоми Кембел.

Книга
Викторија Бекам во својата чанта го носи бестселерот „My Name Is Lucy Barton“ од Пулицеровата добитничка Елизабет Строут.
Романот беше издаден на почетокот на оваа година, а зборува за мајка и ќерка кои се обидуваат да го обноват својот однос, додека дејствието се одвива во болница.

Кристална костурска глава
Дизајнерката со себе носи кристална костурска глава во црна боја, з акоја тврди дека ја смирува.
Викторија овој украс го има веќе 5 години, а го добила кога се преселила во Лос Анџелес во 2007-ма година.

Мобилен телефон
Ѕвездата секогаш во себе го има својот iPhone кој е во футрола со нејзините иницијали.

Капки за очи
За некој што постојано го гледат папараците и е изложен на блиц од фотоапаратите, нормално е да носи капки за очи.
Викторија сака секогаш да има свеж изглед, па во својата чанта има вештачки солзи од Јапонија.

Крема за лице и кармин
Дизајнерката носи крема за лице од нејзината колекција на шминки за брендот Есте Лаудер, која чини 68 фунти.

Таа носи и кармин најчесто во неутрална боја се разбира од истата колекција, вреден 36 фунти.

Крема за раце
Викторија користи крема за раце против стареење на истите. Дизајнерката ја користи кремата на Есте Лудер, „Re-Nutriv“ која чини 56 фунти.

Очила за сонце
Екс спајсицата својот дом не го напушта без очила за сонце, секогаш во црна боја.

Приказна за Харпер
Во нејзината чанта се наоѓа и славната приказна „Little Miss Chatterbox“ која нејзината ќерка ја обожува.

Парфем
Викторија Бекам мириса на парфемот „Blanche“ од Vicotira Byredo, а со себе носи пакување за патување од 75 милилитри.

