Поради улогата во филмот „Снајперист“, кој му донесе и номинација за Оскар во категоријата најдобра машка улога, Бредли Купер мораше да го набилда своето тело како никогаш до сега.
Актерот кажува како старата облека му станала премала, а немал желба да ја обнови.
Тој во шоуто на Елен ДеЏенерис изјави: „Кога од Белата Куќа ме повикаа на свечена вечера, едвај влегов во единственото примерно одело кое го имам. Се плашев дека ќе ми пукнат панталоните кога ќе седнам, па не облеков гаќи.“