Луѓето во просек поминуваат 37 милиони часови годишно само во чекање во редица.
Тоа не им се допаѓа на научниците, па токму заради тоа смислиле интересни трикови како можете да си заштедите време и побрзо да поминете во ред.
Купувајте повеќе
Можеби ви се чини нелогично, но научниците и математичарите тврдат спротивно.
Мајер, главниот научник на проектот Desmos пресметал дека ако имате 100 различни производи ќе ви бидат потребни 6 минути да завршите, а во редица со 4 луѓе со 20 различни производи 7 минути.
Па, имајте на ум, дека редицата побрзо поминува кај редица луѓе кои имаат повеќе производи.
Одете на лево, секогаш е подобро
Ова е така затоа што повеќето луѓе се деснораки и инстинктивно ја одбираат касата на десно.
Жена касиерка
Жените касиерки многу побрзо и ефикасно можат да завршат монотона задача.
Одберете да застанете во ред каде пакувањата се тврди или од стакло. Меките пакувања многу почесто не можат да поминат преку читачот на бар кодови, па касиерите мораат рачно да ги внесат и да потрошат повеќе време.
Не стојте во ред кој е на крај
Таму касиерите не можат да следат колкава е редицата и обично се побавни.