Состојки:
6 јаболка
20 лажици шеќер
1 чаша крупно сечкани бадеми
1 пакетче гриз
20 лажици брашно
20 лажици вода
1 лажичка сода бикарбона
1 ванила
Подготовка:
Излупете ги и изрендајте јаболката. Измешајте ги заедно со бадемите, 1 пакетче гриз, 20 лажици брашно, 20 лажици вода, 1 лажичка сода бикарбона.
Подгответе ја смесата и ставете ја на тепсија што претходно сте ја набрашниле. Нека отстои еден час. Потоа ставете ја смесата да се пече на 200 ц степени и постепено намалувајте ја температурата.
Откако ќе се испече попарете ја тортата со шербет или половина литар вода со половина килограм шеќер и 1 ванила.