Холивудскиот актер Патртик Демпси ја нападнал својата прва сопруга Роки Паркер, бидејќи сакал да знае какво е чувството да се претепа жена.
Како што пишува „Сан“, ѕвездата на филмот „Бебето на Бриџит Џонс“ бил обвинет за физичко злоставување на сега починатата сопруга на снимањето на филмот „Не можат да ја купат мојата љубов“ во 1987 година.
Во судските документи Роки тврдела дека Демпси ја претепал на снимањето на филмот и дека толку многу ја претепал после што ѝ бил дијагностициран артритис, и дека во текот на седумте години, колку што траел нивниот брак, таа морала да посетува психијатар.
Овие обвиненија ги поднела на судот во Лос Анџелес како дел од нивната бракоразводна парница во 1994 година, но подоцна ги повлекла обвиненијата.
– Додека бевме на сетот на неговиот филм „Не можат да ја купат мојата љубов“, ме претепа, бидејќи, како што рече, сакал да дознае какво е чувството да се претепа жена. Сега страдам од артритис во раката на која тогаш ми го скрши прстот. Ме бутна во комби и ја затвори вратаа преку мојот прст – навела таа во судските документи кои ги поднела како дел од нивната бракоразводна парница, но, сепак, подоцна го повлекла обвинението за семејно насилство.