Состојки:
За тесто:
500г Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
250г мед
100г шеќер
150г маргарин
1 јајце
10г какао
2 мали лажички цимет
1 ќесичка прашок за печиво
100г ситно сечкани бадеми
За филување:
2 пудинга од ванила
½ л млеко
Подготовка:
Медот, шеќерот и маргаринот се загреваат на средна температура се додека целосно не се стопат. Се остава смесата да се излади. Брашното се меша со останатите состојки и со изладената смеса од маргарин, мед и шеќер. Тестото добро се изедначува и се остава покриено 3 часа. Потоа се развива кора со дебелина од 1,5cm и од неа со калап се вадат срца кои се редат во плех. Се печат на 180°С околу 15 минути. Срцата се лепат едно со друго со предходно подготвен и оладен пудинг од ванила.