Погледнете го кучето кое има осум iPhone 7 телефони

Компанијата „Apple“ го пушти во продажба најновиот модел на iPhone кој во Кина чини 1.000 долари.

Синот на најбогатиот Кинез, Ванг Сиконг го привлече вниманието на јавноста кога на социјалните мрежи објави фотографија од своето куче со осум телефони од најновиот модел на iPhone.

Ванг е често критикуван од кинеската јавност поради неговиот начин на живот и фотографиите на кои пали пари, скапи уреди и луксузни автомобили.