Ќе ве натера да ги откажете цигарите: Нова запалка која ви ги брои цигарите (видео)

Освен уредите кои ги следат чекорите,калориите и тежината, сега ќе постои и умна запалка која ќе пресметува колку цигари пушите дневно.

Идејата на оваа запалка е да ги натера луѓето да престанат со пушењето.

Запалката се вика „Quitbit“ и наликува на познатите запалки Zippo.

Секој пат кога се користи, таа ги брои цигарите кои ги пушел корисникот и времето кое поминало од последната запалена цигара.

запалка

Оваа паметна запалка е направена во Бостон и работи со апликација.

Ако сакате да си ја купите оваа нова паметна запалка ќе треба да потрошите 149 долари.

Со едно полнење на батеријата ќе може да ја користите една недела, доколку пушите по една кутија цигари на ден.