Кралицата Елизабета Втора забрани јадења во кои има бел лук

Британската кралица Елизабета Втора не поднесува бел лук, а одбивноста спрема една од најраспространетите состојки во секоја кујна е толку голема што користењето лук е забрането во нејзиниот дом.

„Ниедно јадење што содржи бел лук не смее да се спрема во палатата“, изјавил бившиот шеф на кујната Џон Хигинс.

Елизабета 2

Од слатките задоволства кралицата најмногу сака да јаде чоколадо, посебно чоколадна бисквит торта, чоколаден мус и торта филувана со чоколадо.

Во нејзината омилена храна спаѓа и овошјето како што е мангото, јагоди и кајсии, а посебно оние кои се одледуваат во замокот Виндзор.

Елизабета не е противник ни на алкохолот, а нејзиниот омилен пијалак е џин.

Елизабета 2