Холивудскиот пар Наоми Вотс и Лив Шрајбер, е последната славна актерска двојка која се разделува.
Парот беше во врска 11 години, од која имаат два сина.
„Последниве неколку месеци дојдовме до одлуката дека најдобар начин да продолжиме како семејство, е да се раздвоиме како пар. Едвај чекаме со голема љубов, почит и пријателство да продолжиме да ги воспитуваме нашите деца“, пишува во соопштението, во кое на крај парот замолува за почит на правото на приватност.
Токму оваа недела парот присуствуваше на премиерата на нивната спортска драма „The Bleeder“, на фестивалот во Торонто.