Запечен спанаќ со сирење

Состојки:

1 кг спанаќ
300 г млеко
200 г сирење
2 лажици путер
2 лажици брашно
сол, бибер
мускатно оревче

Подготовка:

Спанаќот се мие и се обарува во солена вода.
Во посебен сад се растопува путерот, се додава млекото, брашното, се загрева со постојано мешање додека да се згусне и се зачинува.
Во намастено тавче со путер се мешаат спанаќот, сосот и изренданото сирење.

Се печат на 180 степени, околу 30 минути.

спанаќ со сирење