Успехот на една врска најмногу зависи од трудот на двајцата партнери, но некои хороскопски знаци осудени се на пропаст и постојан конфликт.
Овните не одговараат со близнаци, риби и девица
Припадниците на овој знак се создадени за љубов и нови искуства, а често поради брзоплетоста влетуваат во врска пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано се жалат, па такви не можат да ги освојат, а сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска е со рибите, кои за нив се пресентиментални, потоа со близнаците, како и со девиците, кои за нив се премногу комплицирани.
Бикот лошо се согласува со овен, стрелец и близнаци
Со припадниците на овој знак владее Венера, која ги прави одлични кандидати за врска, па тие со време стануваат посветени партнери, а во меѓувреме можат да имаат многу безначајни афери. Ги одбиваат трачари и оние кои премногу се вплеткуваат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација е со стрелците, кои за нив се однесуваат премногу слободно и независно. Лош избор се и близнаците, кои се премногу непостојатни како и овните, со кои поради слична силна волја постојано ќе се препираат.
За близнаците не се добри бик, рак и риби
Припадниците на овој знак по природа се заљубливи, но брзо се откажуваат ако партнерот ги разочара. Ги одбиваат луѓе со кои немаат заеднички теми, оние кои се предвидливи, по нивното сфаќање досадни. За близнаците најлош љубовен спој е со бик, кого нема доволно да го ценат бидејќи не може да ги следи во животните предизвици и амбиции. Лош спој се и со ракот, кој за нив е премногу стабилен и предвидлив, но и рибите, чија емотивност често ги гуши.
Ракот е лош спој со овен, близнаци и стрелец
За припадниците на овој знак љубовта е најважен додаток во животот, а бараат партнер кој е способен да се труди околу нив. Ги одбиваат егоистични луѓе кои не покажуваат доволно почитување спрема другите, ниту интересирање за нив. Раковите во љубовните врски најлошо ќе се согласуваат со стрелци, и покрај големата привлечност, бидејќи во врската ќе се јавува несигурност, љубомора и кавги. Лош спој се и со близнаци, кои за нив се премногу нестабилни, како и овните, кои се премногу ориентирани на себе.
Лавот не одговара со близнаци, јарец и риби
Припадниците на овој знак тешко чувствуваат сигурност во љубовната врска, а сакаат на својот партнер да му бидат најважни на светот. Ги одбиваат оние кои постојатно се грижат и така пренесуваат лоша атмосфера, како и луѓето кои се склони на манипулации. Најлош љубовен спој е со близнаци, кои за нив се премногу изгубени во размислувањата, но и рибите, кои ненамерно ќе ги повредуваат. Лоша комбинација е со јарец, бидејќи лавот во односот ќе ја преземе доминантната улога, што на јарецот нема да му одговара
За девицата се лоши овен, вага и водолија
Припадниците на овој знак во раната доба ги совладуваат љубовните лекции, па со голема сигурност бираат потенцијален партнер. Сепак, тешко ќе донесат одлука за кого трајно ќе се врзат, а ги одбиваат пасивни луѓе и оние кои не се во состојба да се грижат за себе. Најлоша љубовна комбинација ја прават со овен, кои кон нив се поставуваат доминантно, како и со ваги, кои не се способни да ја разберат критичноста на девицата. Тешка љубовна ситуација ќе имаат и со водолиите, со кои односот е исполнет со проблеми.