Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заедно со децата се наоѓаат на еднонеделна кралска посета на Канада.
Ова е првпат кралската двојка да ги води своите две деца – 3-годишниот Џорџ и 1-годишната Шарлот во службена посета на некоја земја.
А, нивната ќерка, принцезата Шарлот, го изговорила првиот збор во јавноста во четвртокот во текот на семејната тура по Канада, изговарајќи го зборот „поп“ додека со братот Џорџ си играла со балони.
„Ројтерс“ пренесува дека ова не е првпат во текот на канадаската турнеја на британското кралско семејство дете да биде во центарот на медиумското внимание, бидејќи во саботата принцот Џорџ се најде на насловните страници кога го игнорираше канадаскиот премиер Џастин Трудо кој сакаше да се ракува со него.