Одбила втор состанок со него: Неговата реакција е хит на социјалните мрежи

Една Британка добро ја запознала грдата страна на состанок на слепо.

Преку интернет запознала момче, отишла на прв состанок со него и не сакала да го повтори.

Неговиот одговор на нејзиното одбивање се прошири на социјалните мрежи.

Нивниот прв состанок траел 45 минути и тоа на оваа девојка и било доволно да сфати дека тој не е тој.

– Драго ми е што се запознавме, навистина си љубезен, но јас сум многу резервирана и сфаќам дека не сме еден за друг и не сакам повеќе да го трошам твоето време, му одговорила со порака.

Тој упорно и нудел да излезат и на втор состанок, па се понудил и да и зготви вечера. Нејзиниот одговор и после ова бил „НЕ“.

А потоа пристигнала и неговата порака.

– Со оглед на тоа што не си фер и што не сакаш да ни дадеш втора шанса, те молам убаво да ми ги вратиш парите за пијалокот кој ти го платив. Износот е 4,5 фунти, а ова е мојот број на сметка, и порачало момчето.

Му возвратила со зборовите дека сега е целосно сигурна дека не сака било каква врска со него, а неговите пораки пристигнувале и понатаму.

– Проверувам дали ги префрли парите на моја сметка, напишал.

Нивниот разговор на Твитер го објавил пријател на девојката, а некои потези на момчето ги опишале со зборовите: „Неславниот Ромео ја уби целата романтика“.