Холивудските ѕвезди во кампања за претседателските избори во САД (видео)

На некои од гласачите им е потребен мотив да излезат и да гласаат на претстојните претседателски избори во Америка.

Кампањата #VoteYourFuture е со цел да ги поттикне гласачите преку пораки кои содржат надеж за посветла иднина.

Кендал Џенер, Леонардо Ди Каприо , Зендаја, Ема Стоун, Семјуел Џексон, Кејт Хадсон, Ева Лонгорија, Џулија Робертс, Роберт де Ниро, се само дел од ѕвездите кои во своите видеа одговараат на прашањето „За што се грижиш ти?“

Леонардо Ди Каприо пак, не се откажува од ставот дека не ни е потребен лидер кој нема да се грижи за климатските промени.

Ева Лонгориjа се бори за економска моќ на жените особено оние со латинско-американско потекло.