Вкусна пита со шампињони и лук

Состојки:

600 гр брашно
Малку сол
2-3 лажици масло
Половина прашок за печиво
Млака вода

Фил:

1 кг шампињони
2-3 главици лук
2 лажици кисела павлака
Сол
Бибер
Вегета
Малку масло

Подготовка:

Замесете го тестото, фино обликувајте го и ставете го во мрсен плех за печење. Пропржете ги шампињоните и оставете ги да се оладат. На шампињоните додадете им ситно сецкан лук, павлака, зачини и малку масло.
Тестото растегнете го со рака и врз него додадете го подготвениот фил.
Земете ги краевите од тестото и развлечете ги преку филот.
Откако сте го покриле филот со тестотото, попрскајте ја питата со малку масло и печете на 200 степени ( по бојата ќе откриете кога е печена)
Готовата погача попрскајте ја со млака вода, избоцкајте ја со нож и покријте ја со фолија.
Вратете ја во исклучената рерна уште 4-5 минути.
Извадете ја од рерна, исечете ја на парчиња и послужете ја.

пита