На овогодинешната недела на модата во Торонто, дефинитивно во центарот на вниманието беше пистата, која судејќи по се е проколната.
Манекенките кои ги носеа моделите Микаел Кале една по друга се лизгаа, а некои и дури паѓаа на истото место од модната писта.
Ова секако предизвика големо внимание кај медиумите, а моделите без оглед на “незгодната“ писта одлично се снајдоа на ревијата.