Познатиот пејач Фреди Меркјури не сакал никој да знае каде се наоѓа неговата урна со пепел, па оваа тајна ја кажал само на жената за која викал дека е љубовта на неговиотт живот.
Со тестамент Фреди ја означил неговата поранешна вереница Мери Остин да се погрижи за неговата урна со пепел и да не соопшти јавно што направила со неа.
Мери успеа да ја оправда довербата на пејачот и оваа тајна не ја открила дури ни на неговите родители,а ниту пак на неговиот партнер Џими Хатон.
Фреди и Мери својата врска ја започнаа на почетокот на 70-тите години и биле заедно 5 години.
Тие се разделија кога пејачот го запозна продуцентотна „Електра Рекорс“ со кој започна ромаса.
И после разделбата останале многу блиски и до крајот на животот Меркјури ја сметал за пријателка.
Пејачот и го оставил целото негово богатство, имот вреден 20 милиони фунти во Лондон и 10 милиони фунти во пари.