Дупчињата на образите симболизираат вечна младост, а кога добро ќе ги анализирате луѓето кои ги имаат ќе сфатите дека изгледаат помлади отколку што се.
Во одредени култури се верува дека и дупчињата на образите носат среќа и успех.
Кај некои луѓе овие дупчиња се гледаат постојано на лицето, а кај други само кога ќе се насмеат.
Овие дупчиња настануваат поради недостатокот на мускулни влакна, а со време може да исчезнат.
На пример децата често имаат дупчиња на образите, но кога ќе пораснат нив ги снемува.