Титулата најголем мрзливец, на петтото натпреварување во излежување одржано во Црна Гора, ја освои 24-годишниот Петар Албијанич од Никшиќ.
Петар издржа да лежи 23 часа, за што ја освои првата награда од 200 евра.
Сепак, не го собори рекордот на Марко Ѓуровиќ од пред две години кој лежеше 37 часа.
Во иднина натпреварот повторно ќе се одржува во летните месеци.
Овој беше исклучок, заради изборите.