47-годишен американец изел една од најлутите пиперки на светот.
Пиперката била со лутина од милион според Сковиловата скала и 400 пати полута од тобаско сосот.
Мажот изел бургер со пире од пиперката „Бтут јолоки“, но набрзо после конзумацијата почнал многу да повраќа и да се грчи при што осетил остра болка во делот на стомакот и градите.

Веднаш бил префрлен во болница и докторите брзо откриле дека боледува од руптура на желудник.
„Пациенотот е интубиран и веднаш префрлен на операцијапри што е утврдено дека има дупка од 2,5 сантиметри на желудникот, како и пенумоторакс на левата страна на градите“, пишувало во извештајот.

