Поранешната дадилка на Анџелина Џоли ја замоли актерка да ја заврши војната со својот сопруг Бред Пит.
Дадилката е загрижена дека Анџелина ги користи децата како оружје за да го оцрни Бред, нешто што го правела и нејзината мајка кога Анџелина била дете.
Крисиан Морел се грижела за Анџелина во првите неколку години откако била родена и е блиска пријателка на нејзината мајка Маршелин Бертранд, која почина од рак.
Дадилката вели дека има многу сличности меѓу сегашните постапки на Анџелина и оние на мајка ѝ, кога таа ја прекина врската со Џон Војт, таткото на Анџелина.
„Решив да проговорам за да и испратам порака на Анџелина, која многу ми значи. Да и кажам да не го брка Бред од животот на своите деца. Немој да ги користиш децата како оружје во разводот. И немој да правиш чудовиште од сопругот. Бидејќи токму тоа го правеше твојата мајка кога прекинуваше со твојот татко. Како резултат, ти имаше осамено и трауматично детство. Зошто им го правиш истото и на своите деца?“, изјавила дадилката.
Таа открила и дека Бертранд не можела да ја гледа Анџелина бидејќи премногу личела на татко си, па поради тоа избегала со млад студент.
„Енџи беше осамено и проблематично дете. И нејзе и нејзиниот брат цело време ги чуваа дадилки. Мајка им никогаш не им готвеше, постојано јадеа сува храна. На крај излезе дека Џон е лошиот, а Маршелин успеа да ги сврти децата против него. Сега истото го прави и Анџелина“, раскажала дадилката.